• понеделник, 23 декември 2024

Мицотакис: Треба да се задржи жива и опиплива ЕУ-перспективата на Балканот

Мицотакис: Треба да се задржи жива и опиплива ЕУ-перспективата на Балканот
Атина, 17 мај 2022 (МИА) – Поддршка за ЕУ-перспективата на регионот, со порака дека треба да се задржи жив и опиплив процесот, изрази грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во неговиот говор на приемот организиран во Белата куќа, по средбата со американскиот претседател Џо Бајден, јави дописничката на МИА од Атина. - Балканот е исто така доста кревок. Треба европската перспектива да ја одржиме жива и опиплива. Грција е столб за регионален просперитет и безбедност и секогаш ќе бараме мирни средства за решавање на нашите несогласувања со соседите. Убеден сум дека можеме да го постигнеме тоа, истакна Мицотакис во делот посветен на регионот. Меѓу другото, грчкиот премиер се осврна и на енергетиката и новиот терминал за течен гас во Александруполи, потенцирајќи дека „пристаништето на Александруполи во североисточна Грција, на само 500 милји од украинската граница, освен военото значење за НАТО, брзо станува регионален енергетски центар и влезна точка во за течен природен гас на Балканот и во Источна Европа“. ср/ссм/

Остани поврзан