• сабота, 23 ноември 2024

Мицотакис: Да се забрза интегративниот процес на Западен Балкан

Мицотакис: Да се забрза интегративниот процес на Западен Балкан
Атина, 30 септември 2021 (МИА) – Европската перспектива на Западен Балкан беше една од темите за кои денеска разговарале премиерите на Грција и Словачка Кирјакос Мицотакис и Едуард Хегер на нивната средба во Атина, а двајцата, како што рече грчкиот премиер, се согласиле дека треба да се забрза интегративниот процес, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис рече дека од нивниот разговор, „секако не можеше да отсуствува Западен Балкан“, нешто за што, како што додаде ќе стане збор и на Самитот во Словенија во вторник и среда. -Се согласивме дека интегративниот процес на Западен Балкан треба да се забрза, за Западен Балкан да не се претвори во нови жаришта на проблеми. Балканскиот полуостров е европски, па така и неговата иднина поминува само преку Европа, истакна Мицотакис. ср/бак/

Остани поврзан