• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: 27-ми април е монтиран случај

Мицкоски: 27-ми април е монтиран случај
Скопје, 29 декември 2020 На вечерашното гостување на Инфомакс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а а во врска со случајот за 27-ми април истакна дека случајот е политички монтиран, како и тоа дека има луѓе кои лежат во затвор, а се невини. -Јас сум го кажал мојот став по тоа прашање, жалам за тоа што им се случуваше на тие луѓе кои беа жртви на насилство и тоа не смее никогаш да се повтори, но фактот за она што го кажа вештото лице дека изјавата дадена од сведокот во сусштина не е точна бидејќи изјавата на сведокот дека се наоѓал во тој момент во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем тој не бил таму, ако тоа не е монтиран политички случај тогаш што е – потенцираше Мицкоски. Мицкоски вели дека обвинителката му поставила само едно прашање дали тоа што бил пред вратите на Собранието значело дека сакал да влезе, како и тоа дека немало потемелно испитување од страна на обвинителката, што укажува дека овој случај е политички монтиран. -Таму има невини луѓе кои што лежат во затвор, јас не можам да се смирам што тоа е така, а на крајот и самиот како најголема жртва господинот Зијадин Села рече дека таму има луѓе кои невини лежат во затвор, самиот тој го кажа тоа, вели Мицкоски. Мицкоски заклучи дека треба да се види кој доби,а  кој загуби од сето тоа, а ВМРО-ДПМНЕ жестоко загуби, а тој кој што направи Влада беше Зоран Заев, па по тоа треба да станат јасни многу одговори. Со почит,  Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ____________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан