• петок, 05 декември 2025

Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум

Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум

Охрид, 13 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на официјалното пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум.

Магистралниот пат Охрид-Св.Наум е во должина од 24,3 километри, а вредноста на проектот за реконструкција на овој патен правец изнесува 11,7 милиони евра.

- Ова значи дека по речиси 4 децении, не само охриѓани, туку голем број на граѓани ширум државата, но и туристи ќе можат да патуваат од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија, по нов патен правец, се наведува во соопштението од владиниот прес - центар.

Овие капитални проекти, се додава во соопштението, го подобруваат не само туристичкиот, туку и економскиот напредок и развој во Македонија.

- Владата работи и создава дела за просперитет на Македонија. Како Влада ветивме дека ќе ја трансформираме Македонија напред. Тоа и го правиме. Државата е на патот на промените, соопштија од прес - службата на Владата. цр/хс

Фото: МИА архива

Остани поврзан