• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Ќе поднесеме предлог за доверба на Владата во Собранието

Мицкоски: Ќе поднесеме предлог за доверба на Владата во Собранието
Скопје, 26 ноември 2020 - Ценам дека сите овие порази кои се случуваат на македонската политичка сцена, а кои се резултат на незнаењето, или неработата, или ограничените капацитети на одговорните, мислам треба да кулминраат со една постапка во Собрание каде ВМРО-ДПМНЕ заедно со другите опозицискии партии ќе побара дебата за работата на Владата после овие 100 дена, или треба да се расправа за доверба на владата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување на ТВ 21 во емисијата „Клик плус“. „Таму во Собранието ќе може да се слушнат аргументи. Тоа ќе биде одлично и за Османи, и за Димитров, и за Заев да кажат што сработиле и дали заслужуваат доверба или не“, рече Мицкоски. Тој најави дека во текот на следната недела ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе до Собрание ваквото барање и неделата потоа ќе се отвори дебата во Парламентот. -Да видиме кој што ќе каже, бидејќи силите во парламентот се пола-пола, кажа Мицкоски.   Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан