• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски со Фејсбук објава за поддршка за Ковачки

Мицкоски со Фејсбук објава за поддршка за Ковачки
Скопје, 12 март 2021 Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал "долга е раката на ВМРО". Кој е Ковачки? -Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица "Волци". -Офицер од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак. -Командант на Првата механизирана пешадиска бригада. -Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции. -Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање. А која е Радмила Шекеринска? -кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години. -учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев. - позната по "бонбона бизнисите" и матната продажба на ЕСМ, - позната по аферата "кирии", домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет. Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика. Објава на Фејсбук на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан