• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Секој од нас треба да има дел од Делчев во себе

Мицкоски: Секој од нас треба да има дел од Делчев во себе
Скопје, 4 мај 2022

Што значи Гоце Делчев за нас, што е неговата борба и што она кое ние денес треба да го зачуваме и да се залагаме. Тоа е прилично сложена задача, не е едноставно.  На Гоце Делчев би му било важно да види што денес се случува со таа негова Македонија, сигурно не би му било лесно. Но, ние мораме да имаме поинаков и поиновативен пристап на сегашноста, кон минатото и да гледаме кон иднината. Политичари без визија не може да се занимаваат со политика.  Некои работи кои изгледаат сега чудно, за некое време ќе значат многу за Македонија и граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот историски час во по повод 119 години од смртта на Апостолот Гоце Делчев во организација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.

Мицкоски истакна дека  ВМРО-ДПМНЕ е тој кој што треба да биде креатор на тие политики и  нашата задача е да ја градиме Македонија, заедно со градоначалниците и сите заедно наскоро кога ќе ја водиме владата на Македонија и како што рече бидејќи патриотизмот не е патентиран, туку или го имаш или го немаш, сите ние треба да имаме Делчев во себе за да ја направиме подобра Македонија.

- Затоа треба секој еден во себе да се чувствува помалку или повеќе дека е Делчев. Дали имате големи соништа и амбиции или мали. Сите треба да имаме големи амбиции имајќи ги предвид предизвиците кои не очекуваат имајќи предвид дека ќе начекаме пустош кога овие ќе заминат. Секој од нас треба да има еден Делчев во себе за да направи нешто за Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека сите ние споделуваме заедничка судбина и треба да ја градиме заеднички Македонија, бидејќи Делчев би бил пресреќен кога би знаел дека Македонија е во најуспешните држави со млади кои ја гледаат иднината дома, со возрасни кои се задоволни од животот во Македонија, но за жал не е така.

- Тука се поставува прашањето дали доволно го имавме Делчев изминативе 30 години во себе, и дали доволно сонувавме како него за да направиме таква Македонија која ќе биде во најуспешните и најубави држави во Европа. Студентите велат што подалеку одовде. И прашање  е дали успеавме како држава, но да сме доблесни да знаеме каде грешевме, за да знаеме каде одиме.  Тоа треба да го исправиме. И треба многу да сме внимателни и внимателно да ги правиме потезите. Отсега па натаму немаме право на грешка. Процесите ќе зависат исклучиво од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што СДСМ кај нив никој веќе не гледа иднина, изјави Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека граѓаните гледаат надеж во ВМРО-ДПМНЕ дека нешто може да се смени,  затоа не чека тешко време, многу предизвици, затоа што денеска некои се навикнати Речица да ни ја води Македонија за да може да врват тендерите во 4 очи.

- Денеска за да донесе некој одлука оди по изим во речица па прави политички потези. За тоа да не се случува потребно е ние како ВМРО-ДПМНЕ да излеземе пред граѓаните кои не го сакаат тоа, да понудиме нешто што ќе биде поразлично, да добиеме 61 во Парламент и да докажеме дека можела Македонија поинаку.  Од Мала Речица 20 години чекаат да ја уништат Македонија, од внатре во институциите го користат нашето неединство. Но ако сме сите како едно тоа нема да се случи, посочи Мицкоски.

Тој потенцира дека мал народ сме, не можеме да ги менуваме светските текови, но сме мудар надор и мораме тоа да го искористиме како предност.

- Ако ние нашата мудрост како предност ја искористиме тогаш ќе има многу големи соништа и многу Делчеви со големи соништа во нас. Ние денеска се делиме за жал, и се додека постои поделбата во Македонија тогаш, некој друг ќе ни ја крои судбината во случајот Мала Речица. Затоа ни е потребно општествено обединување, народот да застане позади политиките на ВМРО-ДПМНЕ, треба да го направиме Делчев горд и да им оставиме на нашите деца да не ги полнат рестораните по Европа туку да останат тука и да го работат тоа што го учеле. Да оставиме нешто тука во сопствената држава и за сопствениот народ. Да си ја сочуваме државата, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека не смееме повеќе да грешиме и да им дозволиме на овие политички измамници да го контаминираат народниот непокор.

- Тој пркос ќе се случи кој ќе води кон ослободување од оваа криминална и корумпирана власт која ја урниса Македонија. Тие чекори треба да бидат испланирани. За една недела од денеска чекаме нашиот политички противник да се предомисли и да ја прифати подадената рака да седне на маса и да разговара најпрвин за македонско национално единство, а потоа на општо граѓанско единство против оние во Мала речица, без разлика дали сте Македонци, Албанци, Срби Турци, Власи, Роми, Египќани и сите останати мора да се обединиме против тие луѓе кои 20 години формираат длабока држава до институциите затоа мора да си ја ослободиме Македонија ако сакаме да оди напред. Ќе одиме до крај ниту јас имам намера да се повлекувам, ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе се повлече. Одиме до крај, истакна Мицкоски.

Обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на историски час во по повод 119 години од смртта на Гоце Делчев Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан