Мицкоски: Реконструиран дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“, се создават услови за локален развој
- Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена - темели за сигурна иднина“.
Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - Реконструиран е дел од локалниот пат Драчево – мотел „Китка“. Со вкупна должина од 6,42 километри и ширина на коловозот од 3,5 метри, патот доби стабилна, функционална и долготрајна сообраќајна инфраструктура, објави денеска на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски, во делот „Проекти за трајна промена - темели за сигурна иднина“.

- Проектот опфати поставување нов асфалтен слој со дебелина од осум сантиметри, уредување на банкини од двете страни на коловозот, изградба на армирано-бетонски пропусти и потпорни ѕидови, како и оформување отворени канали, риголи, тротоари и ивичници на клучните делови од трасата, објави премиерот.
Се работи за инвестицијата во износ од 63.537.537 денари, обезбедена од Владата преку Министерството за транспорт.

- Овој проект има значајно влијание врз подобрувањето на руралната поврзаност, олеснување на секојдневниот транспорт и создавање услови за локален развој, наведува премиерот на Фејсбук. мд/паг/
Фото: Фејсбук на премиерот Мицкоски