Мицкоски: Растот на нето-платата во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е речиси двојно поголем во однос на периодот на СДСМ
- Кога ќе се споредуваат параметрите добро е да се направи споредба помеѓу параметрите коишто го пратат СДСМ и ДУИ кога тие се во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата којашто ја зимаат вработените во Македонија е околу 3,5 проценти и оваа една година во Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот порааст на нето платата е 6,5 проценти, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот повик на претседателот на СДСМ Венко Филипче, за пораст на минималната плата.
Скопје, 28 август 2025 (МИА) - Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја земаа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот пораст на нето платата е 6,5 проценти, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот повик на претседателот на СДСМ Венко Филипче, за пораст на минималната плата.
- Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и унуштувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на РЕК Битола.
На СДСМ им порача да бидат конструктивна опозиција и како што рече, наместо да спинуваат и лиферуваат невистини, да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и предизвик за Владата за да го прифати и имплементира во своите политики. бк/бак/
Фото: МИА архива