• недела, 17 ноември 2024

Мицкоски: Под овие околности нема да дозволиме промена на Уставот

Мицкоски: Под овие  околности нема да дозволиме промена на Уставот
Скопје, 7 октомври 2022 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ под овие околности нема да дозволи промена на премабулата на Уставот, истакна лидерот на партијата Христијан Мицкоски. - Под овие околности нема да дозволиме да има промена на премабулата затоа што при  отворањето на Уставот и промената на преамбулата не е проблем дали овие 173 Бугари во Македонија што гласаа ќе бидат внесени во преамбулата. Вие велите, има и хрватска заедница и црногорска, иако еврејската заедница е влезена во делот кога се споменуават верските заедници, не е тоа проблемот. Проблемот е што вас денеска во Охрид во се случува типичен обид за асимилиација - културниот бугарски центар „Борис Трети“. Претходно во Битола имаше Ванчо Михајлов. Тогаш од страна на Владата имаше храбри изјави дека во Благоевград ќе никнел македонски културен центар, но не се случи, рече вечерва Мицкоски во емисијата „360 степени“. Првиот докумет што произлезе после јулските случувања, дополни, е практично враќање во 11-от век, зборуваме за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, за Климент и Наум... Ниту еднаш не слушнав од страна на Бугарија да зборуваме за тоа што е актуелно како изградба на новиот гасен интерконектор помеѓу Македонија и Бугарија во делот Струмица - Петрич, да конкурирарме заеднички за некој проект во патната инфраструктура. -Кога ќе разговараме за тоа и кога ќе слушнеме од другата страна јасен став дека ние немаме намера да се занимаваме со историја и оти историјата не може да биде пречка за интегрирањето на Македонија тогаш можеме да разговараме, рече Мицкоски. Тој посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за предвремени парламентарни избори, но во услови на криза одлучиле да водат поинаква политика – политика на решенија наместо на конфронтации со власта. Мицкоски соопшти дека изборите остануваат приоритет за него и неговата партија, но проценката им е дека во моментов граѓаните имаат други приоритети. -Барањето за предвремени избори стои. Мојот приоритет и на ВМРО-ДПМНЕ како основен приоритет, на секоја опозициска партија приоритетот е што побргу да дојде до можноста да формира влада, а тоа може да се случи само на избори, истакна Мицкоски. Притоа, вели тој, не подадовме рака на Владата, туку на граѓаните и државата и додава дека пред состанокот со премиерот и владиниот тим за состојбите во енергетиката, претходеле средби на опозицијата со стопанските комори, на кои констатирале дека бизнисот и компаниите имаат проблеми. -Кога гледате дека живеете во општество со многу пробелми, да продолжите да го политизирате тоа општество дополнително, оценивме дека не е многу умен потег, рече Мицкоски.

Според него, оваа Влада не нуди решенија за реалните проблеми и час поскоро треба да замине. Тоа, како што рече, сум го кажал во многу наврати дека предвремени парламентарни избори се нужност. Ако овие продолжат да бидат таму каде што се продолжува Македонија да губи, нагласи Мицкоски.

Тој додаде дека начин да се дојде до предвремени парламентарни избори е дoколку Парламентот се самораспушти, тоа е со 61 пратеник најмалку да гласаат за самото распуштање на Парламентот. ВМРО-ДПМНЕ не нуди гола политика, туку политика на решенија. мд/лв/

       

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан