Мицкоски: Од ноември почнува со работа новоизградената градинка во Ангелци, општина Василево, ќе згрижува 53 деца
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека извршиле увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево.
Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска информираше дека извршиле увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево.
-Извршивме увид на новоизградената градинка во село Ангелци, која претставува клон на главната градинка во Василево. Градинката ќе згрижува 53 деца до шестгодишна возраст и претставува втора установа од ваков тип во општина Василево, објави Мицкоски на Фејсбук.

Тој додаде дека по преземените активности и дополнителни инвестиции од општината, обезбедени се сите потребни согласности и одобренија од Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.

Додаде дека градинката од ноември ќе почне со работа и ќе ги згрижува првите деца.
-Се грижиме за нашите најмали, затоа што тие се иднината и силата на нашата држава, нагласи Мицкоски. ац/хс/
Фото: ФБ на премиерот Христијан Мицкоски