Мицкоски на средба со ко-основачот Мајк Зафировски и бордот на директори на „Македонија 2025“
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и членовите на Извршниот комитет Трајко Славевски, Маја Кадиевска Војновиќ и Марија Митева остварија средба со ко-основачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски и бордот на директори.

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски и членовите на Извршниот комитет Трајко Славевски, Маја Кадиевска Војновиќ и Марија Митева остварија средба со ко-основачот на Македонија 2025 Мајк Зафировски и бордот на директори.
- На средбата Мицкоски ја истакна својата загриженост за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа државата, дека таа секојдневно станува полоша поради високиот степен на криминал и корупција од страна на оваа власт и даде особен осврт за катастрофалната состојба во која се наоѓа економијата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, Мицкоски ја истакнал својата благодарност кон организацијата Македонија2025, за поддршката која таа со своето делување ја дава на бизнис-секторот и генерално на државата, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која има сериозна заложба и за идна поддршка и соработка. ир/дма/
Фото: ВМРО-ДПМНЕ