• петок, 05 декември 2025

Мицкоски: Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ

Мицкоски: Левица е на услуга на ДУИ, сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ

Скопје, 29 септември 2025 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој имаше свое обраќање на денешниот митинг, со кој се започна кампањата за претстојните локални избори, истакна оти постои коалиција меѓу ДУИ и Левица, односно Али Ахмети и Димитар Апасиев. Јасно е вели, дека Левица игра во корист на ДУИ, како што претходно играла во корист на СЈО и Зоран Заев.

- Левица само го покажа своето вистинско лице кое што сите ние го знаеме. Тие се на отворен пазар, на услуга на Али и ДУИ. Сетете се, да не заборавиме, прво го помагаа СЈО за добри хонорари, потоа самиот Заев отворено кажа  дека правеле тајни коалиции за наводно да  ја спаселе Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и од Христијан. А сега си направиле пазар од кој ќе профитира или ќе се обиде да профитира ДУИ. А тие пак од ДУИ, со истите трикови се децении наназад. Како стара закачица, провоцираат и едвај чекаат да им одговорам, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели дека тие сметале оти ќе им врати, па така ќе им го подобриуништениот рејтинг, но рече, нема да го направи тоа оти е игра која треба сите да ја препознаат.

-Таа нивна игра мора и Албанците и Македонците и сите останати да ја знаат и разберат. Така ДУИ си го крева рејтингот. А тезите им се стари и излитени – те. „крвови“, те „јастреби, те  орлите, те зајаци“, истото тоа, истиот фолклор го споменуваат 20 години, тоа со  години е истиот филм.  Албанците му се иселија, рече Мицкоски.

Дваесет години, истакна Мицкоски, тие беа на власт и сите можеле да видат што можат, но и што не можат.

-И тие метафори на митинзите повеќе не им поминуваат – добри се, ако одлучиле да се занимаваат и да глумат хумористични филмови за да може да насмеат некого. Но, не и да влеат надеж каква им е потребна на сите граѓани во Македонија“, посочи Мицкоски во обраќањето.

Тој додаде дека има уште една коалиција „под маса“ на Венко Филипче и неговиот ментор од Струмица со градоначалник на црна листа за корупција на скопска општина и истакна дека ваквите непринципиелни коалиции ќе бидат поразени.

„Што се однесува до вториот договор под маса – тој на Венко, што го склучи со еден градоначалник што е на црната листа за криминал и корупција од една скопска општина дотолку се гледа тој таен договор за поддршка што се препознава од Месечината. Проформа, СДСМ извадија кандидат за градоначалник во Карпош, што ни самите не ја препознаваат, ниту ја поддржуваат ниту пак ја рекламираат. Да направат анкета – членовите на нивната партија ни името на жената не и го знаат. Ја пуштија низ вода, за да асот во Карпош на Венко мисли дека ќе победи. Истите луѓе, со истите вредности. Веднаш штом ја напушти коалицијата, Стевчо отрча да коленичи во Струмица да се разбере со тогашната влада на СДС и ДУИ, а со него е лесно да најде човек заеднички јазик. Кога станува збор за интерес тој прв е подготвен да склучи пакт. Ваквите непринципиелни коалиции нема да успеат и ќе бидат поразени Зошто? Зашто и првиот договор и вториот се рефлексија на безидејноста во која овие партии тонат. Не се реформираа. Останаа заглавени и верни на бизнисите и тендерите, и затоа се сојузуваат – за да ги спасат своите кариери. И овие сценарија се полесниот начин да избегаат од реалноста дека на овие избори ќе паднат уште повеќе и едвај ќе се држат на 120 до 130 илјади гласа поддршка. Некогаш големата и според нив државотворна СДСМ спадна на рамниште да прави пактови  под маса за да опстане. Но народот, овој пат – на овие избори – ќе им свири крај. Бидете сигурни истакна Мицкоски. сст/

Фото ВМРО-ДПМНЕ

 

 

 


 

 

Остани поврзан