• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Кога удираат тие ниско, ние ќе одиме уште повисоко

Мицкоски: Кога удираат тие ниско, ние ќе одиме уште повисоко
Скопје, 28 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот централен митинг на партијата пред вториот круг од неделните локални избори рече дека кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска деновиве е цел на, како што наведе, толку силни и подли напади, затоа што таа е сè што Шилегов и Заев не се во политиката. - И тие пробуваат да ја убијат секоја различност и свежина во политиката со море од лаги, измами и манипулации, за да секој нормален човек се откаже од политичката битка и се обесхрабри. И токму затоа многумина се повлекуваат и се потргнуваат на страна, и им се гади од политика, рече Мицкоски. Според него, силата на Данела и нивната сила извира од мотивот да ги менуваме неморалот и работите што Шилегов и Заев ги претставуваат во политиката. -И затоа кога удираат тие ниско, ние ќе одиме многу високо, рече Мицкоски. Данела Арсовска, потенцира тој, не е политичар како Шилегов, таа е човек менаџер која ќе работи за градот. -И не ја разбираат тие таа филозофија на жената, тој силен мајчински инстинкт за спротивставување и борба за вистинска слобода и напредок. Данела Арсовска е тоа што му е потребно на Скопје, мајка на градот, посветеност, за промени кои ќе го направат градот модерна метропола. Ги повика гласачите да излезат да го заокружат бројот 82 и заедно со Советот на Градот Скопје каде опозицијата веќе има мнозинство да работат за модерно Скопје, заедно со градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. -Опозицијата создава блок кој ќе го порази Заев. Тоа е блокот и гласот на сите против Заев и таквите како Шилегов. Велеа дека е невозможно да се обединиме, еве нè, обединети и силни, рака за рака против политичарите кои го крадат народот. И затоа ќе победиме силно, истакна Мицкоски. ев/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан