• петок, 17 мај 2024

Мицкоски: Искрено сочувство за загубата на младата Вања, најстрога казна за сите вмешани во грозоморниот чин

Мицкоски: Искрено сочувство за загубата на младата Вања, најстрога казна за сите вмешани во грозоморниот чин

Скопје, 3 декември 2023 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски изрази сочувство за згаснувањето на животот на Вања Ѓорчевска, чие тело беше пронајдено вечерва откако исчезна на 27 ноември. Мицкоски побара најстрога казна за сторителите.

-Со голема тага ја примив веста за згаснувањето на животот на младата Вања. Искрено сочувство за загубата на овој млад и невин живот. Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај! Правда мора да има. Почивај во мир, напиша Мицкоски на својата Фејсбук страница.

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје,  денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР. нд/бак/ 

 

Остани поврзан