• петок, 27 декември 2024

Мицкоски изрази сочувство за жртвите од земјотресот во Турција

Мицкоски изрази сочувство за жртвите од земјотресот во Турција
Скопје, 30 октомври 2020 Сочувство до Турција и пријателскиот турски народ за жртвите од земјотресот. Во име на ВМРО-ДПМНЕ искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од земјотресот што се случи во Измир и нашите молитви се за излекување на повредените од природната катастрофа. Денес за жал пријателскиот турски народ и Турција се соочи со сериозна природна непогода. Како жител на Скопје, град кој ја почуствувал жестината на разорниот земјотрес и чии темели се основани на солидарност и хуманост верувам дека и Измир и погодените региони брзо ќе се вратат во нормалните текови и ќе дојде до израз меѓусебната помош, разбирање и хуманост. По овој катастрофален земјотрес убеден сум дека Турција и турскиот народ ќе излезат посилни и пообединети. Во нашите мисли се сите кои изгубија членови на своите семејства и свои блиски луѓе. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан