Мицкоски за судството: Судството и обвинителството се во канците на политиката и тоа мора да се ослободи
- Во обраќањето на централната послава по повод 11 Октомври, Мицкоски рече дека мора да има правда и дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара. Ресетот на системот, како што рече, нема да значи реваншизам, ниту поделба на „наши“ и „ваши“.
Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Македонија има сериозен проблем со испораката на правдата, а клучот на сите заглавени обвиненија седи на две адреси со заеднички господар. Судството и обвинителството се во канџите на политиката, и тоа мора да се ослободи, смета премиерот Христијан Мицкоски.
Во обраќањето на централната послава по повод 11 Октомври, Мицкоски рече дека мора да има правда и дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара. Ресетот на системот, како што рече, нема да значи реваншизам, ниту поделба на „наши“ и „ваши“.
- Не може за милиони украдени пари да не се одговара поради нечија политичка блискост. И ако тука, во овие случаи, нема правда, што ли се случува со многу други случаи на граѓани заглавени за ситни, но за нив многу важни предмети – меѓу нив имоти, кривични пријави, граѓански спорови. И за овој ресет на системот што ќе го спроведеме, не мислам на реванш, а во изминативе месеци покажав дека правдата е за сите иста и за, како што вели нашиот противник, „наши и ваши“, и овие категории нема да имаат разлика и за мене се непознати. Туку или некој се огрешил, или не се огрешил кон законот. Или е криминалец, или не. Или ќе има правда, или нема да нè има. А мора да нè има и мора да победиме со градење на систем во кој мора да веруваме и што ќе го оставиме на чесни професионални луѓе, истакна Мицкоски.
Се осврна и на економијата и жовотиот стандард на граѓаните посочувајќи дека работи на носење на нови инвестиции кои, како то рече, за брзо ќе ги соопшти, како и на нови проекти и мерки коишто ќе ѝ дадат нов облик на државата. бак/
Фото: МИА архива