Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на нашите партнери, но македонските интереси ни се многу поважни
- Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на одбележувањето на 30-от роденден на Унијата на млади сили ја коментираше одлуката на американскиот претседател Џо Бајден,


Кога станува збор за бранењето на стратешки интереси, праша тој, Кој може подобро да ги брани или застапува.
- Кој го потпиша договорот за Стратешко партнерство со САД? ВМРО-ДПМНЕ. Кој донесе визна либерализација? Повторно ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби договор за стабилизација и асоцијација? Повторно ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби десетина препораки за почеток на преговори со ЕУ и заштитени национални интереси? Повторно ВМРО-ДПМНЕ. Епа, ова е најдобриот демант на тезите на домашните парааналитичари кои сами прават некакви црни листи во името на Зоран Заев, рече Мицкоски обвинувајќи ја власта дека преку ограничување на слободата и диктирањето на тези создава лажен амбиент во кој бранењето на националите интереси треба да биде нешто што е погрешно.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ваквите стереотипи на оцрнувања и лаги и лажни вести власта ги прави за да ја деградира нивната борба, а на тој начин да го заштити сопствениот криминал.
- Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал. Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата што да правиме „сите се исти“. А, не сме исти. Дури ни тие во СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души, рече Мицкоски.

- ВМРО-ДПМНЕ има избистрена слика за националните и стратешки интереси на Македонија како никој друг во државава. Ние сме Македонци со македонски јазик, идентитет и историја, засебност, со заслужено членство во НАТО и заслужуваме брзо членство во ЕУ И тука ја затворам оваа дебата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во наредниот период опозициската партија, како што најави, ќе продолжи да биде приоритетно посветено на се друго што е огромен дел од реалниот живот, а тоа се проблемите со стандардот, економијата и тешката живеачка, грабежот и неправдите кои се прават на секој чекор.
- Земјава е се подалеку од Европската Унија, а тоа е така не само затоа што не блокира Бугарија, туку затоа што немаме завршено ниту една домашна задача, изјави Мицкоски.
Власта, според него, може да се победи само со обединет опозициски блок, којшто најдобро ќе ги штити државните интереси и ќе се бори за економски прогрес. - Имаме разлики во опозицијата, ама целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофа на Македонија. Во изминатиот период имав контакти со повеќе лидери и партии и чувствувам силно опозициско расположение и еве тука, од Битола, во името на ВМРО-ДПМНЕ подавам рака кон секоја опозициска партија и сила, да ни се приклучат. Ако целта ви е промена на власта, пораз на мафијата на Заев, СДСМ тогаш сте добредојдени со нас, рече Мицкоски.
