• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани
Скопје, 30 јуни 2020 - (МИА) - Пред нас се парламентарни избори, на кои што ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот и коалицијата за обнова на Македонија, е пред историски најголема победа која што ќе се случи на 15-ти јули, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва  при посетата  на Радовиш во рамки на кампањата „Исправи се Македонијо“. ВМРО-ДПМНЕ, рече, се бори и ќе се бори за просперитетна држава која припаѓа на сите граѓани. Држава која под еден кров ќе ги собере и оние кои се десни и оние кои се леви и во центарот, политички определени и неопределени, и Македонци, Власи, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци и сите обесправени, омаловажени, покрадени, потчинети и излажани. -Ние втора држава немаме. Тука сме се родиле тука сме се радувале, тука сме тагувале. И токму вреди оваа жртва која заедно со нас, која што ние заедно со народот рамо до рамо ја правиме, за да ја победиме оваа тригодишна пандемија предизвикана од СДСМ предводена од Зоран Заев, а потоа да си ги засукаме ракавите и да си ја обновиме државата. Наместо да ја понижуваат нашата Македонија, да и ја виткаат кичмата и да ја парчат и распарчуваат, требаше да направат нешто, но тие ниту можеа ниту сакаа. Не донесоа ниту правда, ниту мир. Но, наместо правда ни донесоа Луј Витон куферче. А наместо мир, донесоа немир во душите на многумина, рече Мицкоски. По победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, според Мицкоски, доаѓаат подобри години за државата. -Ви ветувам дека веднаш после 15-ти јули после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, правда и закон мора да се почитува во целата држава и сите ќе одговарате од прв до последен. Нема пакт со криминалот, порача Мицкоски. Тој говореше за програмата и проектите на ВМРО-ДПМНЕ, на која, рече, работеле многу професори, доктори, научници, правници како домашни така и странски, и која ќе се спроведува веднаш штом коалицијата за обнова дојде на власт Александар Николовски како носител на ИЕ 4 кажа дека со давање глас за ВМРО-ДПМНЕ граѓаните гласаат за проекти и за постојаната битка за државата. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има тим и оти се обврзува и со сигурност ќе ги исполни сите ветени проекти. -Со гласот на ВМРО-ДПМНЕ бројот 14, листата на ВМРО ДПМНЕ гласате за програмата обнова која што значи 1000 проекти ама не само 1000 проекти на хартија туку силна битка за нивна реализација. Од прв до последен ден од прв до последен проект. Затоа што имаме тим предводен од претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој што ќе го реализира тоа што го ветува„ додаде Николовски повикувајќќи како што рече на голема, референдумска излезност.вг/лв/

Остани поврзан