• понеделник, 25 ноември 2024

Мицкоски: Власта се исплаши од успешен референдум

Мицкоски: Власта се исплаши од успешен референдум
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Власта се исплаши од успешен референдум. Анкетите покажуваа дека референдумот ќе беше успешен. Тие се исплашија дека опозицијата ќе консолидира 910 илјади гласови и со тоа тие целосно ќе беа делегитимирани, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Мицкоски потенцираше дека пред да се одлучат на референдум, тие го мереле јавното мислење и правеле анкети. -Јас најавив дека ќе биде концептот широк на консултации, се консултирав со многу луѓе, правни експерти, коалиционите партнерти тет а тет разговаравме со многу опшстествени активнисти, со луѓето од Извршниот Комитет на партијата и Централниот Комитет, рече Мицкоски. Тој смета дека опозицијата може единствено на овој начин да се спротистави на политиките на власта. Како што рече, единствен начин е да користат правни алати, а правната алатка е референдумот. Според Мицкоски, собрани се доволен број потписи, формирана е граѓанска иницијатива и создале прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Од Парламентот, посочи, очекувале демократски капацитет.-Собравме доволен број потписи, формиравме граѓанска иницијатива, создадовме прашање кое е во согласност на ингеренциите на Парламентот. Очекувавме од Парламентот демократски капацитет и малку да бидат возрасни, сериозно да се однесуваат а не да се однесуваат како налутенно дете на кое му го земале фудбалот или топката. Они така се однесуваа насилнички, одлучи Талат Џафери да се стави над сите закони, го зароби правниот поредок и направи преседан, изјави Мицкоски.бт/са/

Остани поврзан