• вторник, 17 декември 2024

Мицкоски бара одговорност од Владата за состојбата со заразени и починати од Ковид-19

Мицкоски бара одговорност од Владата за состојбата со заразени и починати од Ковид-19
Скопје, 10 ноември 2020 (МИА) - Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук оцени дека Владата не може да одговори на пандемијата  и оти, како што наведува, многу е почесно да си дадат оставка. -Сочувство до семејствата кои загубија свој близок поради #COVID заразата. Едноставно бројката е преголема и таа говори дека Македонија губи премногу животи и дека работите мора да се променат. Убеден сум дека ако Министерството за здравство и Владата се реорганизираа и детално подготвеа за есенскиот ковид бран, ќе беа спасени повеќе животи. Ова што го прави или не го прави Владата не е доволно. Се губат животи. Евидентно е дека државата и Владата не можат да одговорат на сложената пандемија. И многу почесно е да си дадат оставка, отколку нивната неспособност да се плаќа со животите на недолжните граѓани, напиша Мицкоски, во објава на Фејсбук.лв/      

Остани поврзан