Мицкоски: Ковачевски гласал на седницата на која се дала согласност за промена на имињата на улици
- Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците: Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади... доставена од град Скопје под водство на СДСМ.
Скопје, 13 август 2023
Бидејќи СДСМ и ДУИ ја сменија комуникациската стратегија па сега бараат само одговори од мене и покрај тоа што за уште кратко време се влада, еве да им одговорам на нив и нивните слуги во опозицијата околу промената на имињата на улиците:
Владата на ДУИ и СДСМ на две седници ја разгледува листата за имиња на улици, плоштади... доставена од град Скопје под водство на СДСМ.
На 50 седница, одржана на 02.03.2021 година дава согласност. Точка 9 од записникот...
ИНТЕРЕСНО: Димитар Ковачевски е присутен на таа седница како заменик министер на МФ, Фатмир Бесими е отсутен (значи дека Ковачевски гласал).
На 51 седница, одржана на 09.03.2021 дава целосна согласност на Листата од град Скопје
Точка 105 од записникот.
Шупливи ви се тезите. Глумењето патриотизам вам и на вашите слуги во опозицијата исто така не ви прилега зошто нема предавство зад кое не стои вашиот потпис. Народот тоа го знае.
Фејсбук објава на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива