• недела, 22 декември 2024

Мицковски: Да се радуваме на проекти кои ќе значат решенија за обичниот човек

Мицковски: Да се радуваме на проекти кои ќе значат решенија за обичниот човек
Велес, 9 октомври 2021 (МИА) - Да се радуваме со проекти кои ќе значат решенија за обичниот човек, нови улици, училишта, спортски сали, канализации, водоводи, повеќе економска сигурност за сите, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Велес каде беше претставен кандидатот за градоначалник Марко Колев. Ги повика велешани масовно да излезат на гласање на 17 октомври и да го дадат својот глас за промени и за просперитетна иднина. - Една одлука може да ви го промени животот. Затоа вие сте силата која тоа единствено го може. Ние сите заедно можеме да ја промениме тешката реалност, рече Мицкоски. Кандидатот за градоначалник на Велес од ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев пред велешани се обврза дека ќе реализира над 213 проекти меѓу кои вети нов развоен истражен центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три спортски комплекси, реконструкција на патот до езерото „Младост“, нов Генерален урбанистички план и уредување на кејот на Вардар. - Во програмата што заедно ја изработвме со граѓаните, нудам многу проекти, а воедно и решенија за проблемите кои ги мачат нашите граѓани. Не ветувам нишот што не можам да го реализирам, а ќе реализирам многу повеќе од ветеното, рече Колев. Вети и реконструкција на мостот кај Башино село, реконструкција на зградата на Противпожарниот дом, решавање на проблемот со кучињата скитници и отворање на развоен истражувачки бизнис центар. - Целта ни е да создадеме перспектива за младите и со директна финансиска поддршка за старт ап програми ќе обезбедиме полесно отворање и развивање на бизнисите за младите, истакна Колев. Посочи дека изборната програма за Велес е изработена по шестмесечни разговори со граѓаните и посета на повеќе од 3000 семејства. Од 213-те проекти, како што истакна, 126 проекти се за подобрување на патната и комуналната инфраструктура. - Ајде да работиме сите заедно, да го вратиме Велес на картата на силни градови. Ајде да го вратиме Велес на пиедесталот, град со најмногу реализирани капитални проекти, најмногу инвестиции, град со најголема поддршка за спортот, културата и младите, рече Колев на предизборниот митинг во Велес. ад/бак/    

Остани поврзан