• сабота, 23 ноември 2024

Мицевски: Ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките, утре прва средба

Мицевски: Ќе се формираат работни групи кои ќе работат на предлог-забелешките, утре прва средба
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Ќе се формираат работни групи меѓу политички партии кои ќе работат на предлог-забелешките кои се проблематични во целиот текст. Утре се очекува да биде првата работна средба, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Ова, како што рече, доаѓа по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за да се разговара за измени кои што ќе го подобрат предлогот и ќе се вметнат одредени забелешки во однос на се она што е на штета на државата и националните интереси. Мицевски напомена дека предлогот е во тие работни групи меѓу политичките партии да бидат по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Како што додаде, првата средба се очекува да биде утре, а времето и местото се’уште не се дефинитивно договорени. Персоналниот состав на овие работни групи дополнително во текот на денот ќе биде одобрен. -Претседателот Мицкоски во изјавата претходно ги кажа четирите забелешки кои што ги има. Она што можам да кажам е дека работната група на ВМРО-ДПМНЕ и предлозите кои што ќе ги дава на таа работна средба ќе бидат во насока на заштита на идентитетот, јазикот и отргнувањето од бугарските мегаломански барања поврзани со ревидирање на историјата, изјави Мицевски. бт/ац/

Остани поврзан