• вторник, 19 ноември 2024

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува само на 36. седница

Мицевски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува само на 36. седница
Скопје, 17 април 2021 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на утрешната 36. седница на чиј дневен ред се законите од петтиот пакет мерки, изјави вечерва координаторот на пратеничката група Никола Мицевски. На гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, Мицевски рече дека нема да присуствуваат на 32. седница, која е закажана пред 36. седница. - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во Собранието и ќе учествува во работата на 36. седница. Доколку немаат пратеници, сите 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во пленарната сала. Нема да бидеме внатре на 32. седница. Работа на претседателот на Собранието е да констатира има или нема кворум за 32. седница. Доколку има кворум, работи по 32.седница и завршува со неа. Доколку нема кворум, не ја ни почнува или констатира и ја презакажува за некој нареден период, рече Мицевски. бак/

Остани поврзан