• понеделник, 25 ноември 2024

Мицевски: Власта одбива да се донесе петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството

Мицевски: Власта одбива да се донесе петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството
Скопје, 16 април 2021 На очиглед на целата македонска јавност и на сите граѓани во Република Македонија, бевме сведоци на еден целодневен театар кој што се случуваше во Собранието. Имено, веќе неколку седници бараме 36 седница на која се наоѓа петтиот пакет на мерки, кој го чекаат граѓаните и стопанството и кои се недоволни и не се опфатени сите групи, да ги стават на пленарна седница. Иако вчера ни беше кажано дека ова нема да се случи денес, сепак денеска гледаме дека ние сме условувани да дојдеме на 32 седница за да ја заврши и 36 седница. Тоа е надвор од деловникот. Џафери требаше да констатира дека нема доволно пратеници за 32 седница и да ја продолжи 36 седница. Очигледно тоа е некој договор или немаат пари па сакаат да манипулираат со јавноста и граѓаните и стопанството и во наредниот период. Морам да кажам дека не само на оваа 32 седница, и на сите други седници  не се усвојуваат амандмани од страна на опозицијата. Се додека оваа опозиција од 44 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и другите пратеници во вкупен број од 58 пратеници, не се испочитуваат и не се свати улогата на тие пратеници, никогаш нема да имаат кворум за седници. Се вадат на болеста на други колеги, јас им посакувам побрзо оздравување, но денеска им фалеа и други пратеници. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ  уште минатата година кажа дека ние институционално ќе делуваме и сите штетни закони кои сакаат да ги протнат ќе ги обзнаниме пред македонската јавност и дека нема да дозволиме тие да поминат. Кворум нема да им правиме на седници. Тоа го знаеја од 2020 година, тоа го знаеја и на почетокот на овиј ден. За жал на очиглед на македонската јавност не сакаа денес да се изгласа петтиот пакет на мерки со разно разни образложенија и кажувања. Може да видите дека целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е тука во текот на целиот ден, очекувавме дека ќе ја стави таа седница денес претседателот на Собранието, но некако потивко пратеничката група на СДСМ се придружи кон тоа да петтиот пакет на мерки денес не се изгласа. За жал губат граѓаните, губи економијата, губи стопанството  и ќе останат и ќе се зголемуваа бројот на невработени во државата. Прашање: Талат Џафери зборуваше дека сте поставувале некакви ултиматуми за започнувае на 36 седница, за какви ултиматуми мислеше? Нема никакви ултиматуми. Имаш кворум или немаш. Штом немаше требаше да ја зтавори 32 седница и да закаже некое нејзино продолжување во некој нареден период. Имаш 36 седница која ја закажа после 18 часот, нека ја почнеше седницата, тука беа пратениците од целата опозиција, ќе ги излагасавме овие мерки и се ќе завршеше. Очигледно некој сака да направи некоја слика во државата или пак буџетот, тоа што прашуваме веќе неколку дена, буџетот е празен и немаат дволно средства за да ги исплатата паарите за петтиот пакет средства за да им помогнат на граѓаните и компаниите. Прашање: Зошто не направивте кворум за 32 седница, ако тоа беше условот за продолжување на 36-тата? Зошто вие не влеговте внатре? Што содржи и кои се точките на Дневниот ред? За што треба да се гласа на 32 седница? Одговор: Видете поентата е дека се додека оваа опозиција од 58 пратеници, ги вклучувам сите опозициони пратеници тука не биде испочитувана, да се прифаќаат амандмани за подобрување на законските текстови, да се праќаат драфт закони, да се разгледа, да почне дијалогот, да знаеме што ќе се носи во Собранието, а не да не третираат само како луѓе кои што треба да бидеме тука, ние нема да присусутвуваме на седница. Тоа го кажав уште 2020-та во конституирањето на самото Собрание. Рековме дека ова владино или парламентарно мнозинство од 62 пратеници е тенко, рековме дека е нефункционално такво Собрание, но не убедуваа дека ќе можат да функционираат. Ете на очигледн на македонската јавност гледаме дека тоа не функционира и нема да функционира се додека најголемата пратеничка група во овој парламентарен законодавен дом тоа е Собранието и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не бидат испочитувани вклучувајќи ја и целата опозиција. Прашање: Господинот Талат Џафери, можат и граѓаните да забележат дека беше прилично нервозен и трескаше по говорницата, врескаше во Собранието, постои ли некаква процедурална или деловничка можност да реагирате по однос на неговиот однос? Одговор: Видете, претседателот на Собранието со неговите реакции го покажува односот према сите пратеници во овој законодавен дом. За жал денеска бевме во ваква ситуација, очигледно несакајќи да се донесе петтиот пакет на мерки се бараше било какво оправдување за да се случи нешто во Собранието. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше тука и не дозволи да се случи некој поголем инцидент се со една цел да се изгласа петтиот пакет на мерки кои што со нетрпение ги очекуваат граѓаните. Јас сум свесен дека во текот на утрешниот ден ќе почнат да се бараат оправдувања по нивните портали и медиуми и ќе почнат да ги спинуваат вестите. Меѓутоа македонската јавност гледа и знае што се случуваше овој ден и оваа вечер во Собранието. Прашање: Господинот Талат Џафери најави и ставање на Собранието во карантин, тоа ќе значи и неработење на Собранието во недогледно време или во време што ќе го одложи дополнително петтиот сет економски мерки. Што ќе преземе ВМРО-ДПМНЕ по однос на тоа? Одговор: Авторитарниот однос на претседателот Џафери и целото владејачко мнозинство ја отсликува денешната ситуација во Република Македонија и не случајно сме наречени хибриден режим. Јас не знам на кој начин ќе проба и да го направи тоа, за тоа што ние во секој момент имаме 100-110 пратеници кои што се функционални и функционираат. Нема можност да се случи тоа што го бара господинот Џафери, не знам зошто се закануваше со одредени изјави, очиглендо  утре ќе треба да ги објаснува и тие изјави, во секој случај конституирано е Собранието, пратениците се со мандат и се додека не ги испочитуваат овие 44 пратеници Собранието нема да биде функционално. Желбата повторно воведување на вонредни мерки и Владата сама да си донесува закони без некој да им ги контролира нема да се случи, за жал. Изјава за медиуми на Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан