• вторник, 12 ноември 2024

Мицевски: Бараме формирање на анкетна комисија за разгледување на енергетската криза

Мицевски: Бараме формирање на анкетна комисија за разгледување на енергетската криза
Скопје, 30 август 2022 Никола Мицевски координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното интервју во централниот дневник на ТВ Сител најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара формирање на анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор, потенцирајќи дека владата нема стратегија и план како да се справи со кризата. ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе побара формирање на анкетна комисија за состојбите во енергетскиот сектор, односно што е преземено, т. ес што не е преземено во овој период кога цела Европа и цел свет активно се подготвува за зимата која што не очекува, а која што според сите показатели ќе биде катастрофална и многу лоша по однос на обезбедување на енергија и енергенси за граѓаните, порача Мицевски. Мицевски праша дали прогласување на кризна состојба од страна на владата е се со цел да се справи државата од економска криза или всушност е со единствена цел а тоа е на новоформирани фирми да им се делат милионски тендери за ископ и транспорт на јаглен. Што има преземено владата во овој период? Дали единствено донесувањето на кризната состојба им е со цел да можат тие договори за транспорт на фирми да продолжат да ги работат во четири очи и дали ќе продолжат со нивната тенденција а тоа е да ново формирани фирми во државата добиваат милионски тендери за ископ и транспорт на јаглен, праша Мицевски. Координаторот Мицевски нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМЕН следниот период ќе ги искористи сите механизми за собраниски надзор, додавајќи дека согласно законот за кризи, собранието може во секое време да побара од власта да изготви извештај за кризната состојба. Како опозиција овој есенски период ќе го искористиме за да ги употребиме сите механизми за собраниски надзор кој што ги имаме. Согласно законот за кризи може Собранието и претседателот во секое време може да побараат писмен или уснен извештај за состојбата во областа за управувањето со кризи и кризната состојбата која што е прогласена, рече тој. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан