• петок, 29 март 2024

Михајлов: Немаме три-четворица како нив на светско ниво

Михајлов: Немаме три-четворица како нив на светско ниво
Разград, 2 јуни 2022 (МИА) - Капитенот на репрезентацијата Николај Михаилов даде свое мислење по денешното реми со македонската репрезентација во Лигата на нации. Тој рече дека Бугарија нема играчи од светска класа какви што има македонскиот тим. - Да бидам искрен, не можам да кажам дека не сум разочаран. Очекувањата на фудбалските луѓе беа за задолжителна победа, но реално гледам на ситуацијата. Имавме позитивни работи, поведовме, но не успеавме да освоиме три бода. Во многу моменти им ја препуштивме иницијативата, го загубивме интензитетот. Не сакам да правам анализа на нивниот состав, но тие имаат три-четворица играчи од светска класа, ние ги немаме. Мораме да победиме против Грузија за три дена за да ги задржиме шансите за првото место, истакна Михајлов. Бугарскиот голман во првото полувреме доби силен удар во главата од топката упатена кон неговиот гол од страна на Енис Барди. - Не се чувствувам добро, топката ме удри во брадата, ми се вртеше во текот на целиот натпревар, додаде бугарскиот капитен. зс/

Остани поврзан