• понеделник, 23 декември 2024

Подољак: Нашата контраофанзива ќе биде долга и тешка, не сме подготвени на компромис со Москва

Подољак: Нашата контраофанзива ќе биде долга и тешка, не сме подготвени на компромис со Москва

Киев, 19 јули 2023 (МИА) - Украина очекува нејзината контраофанзива да биде „долга и тешка“ поради проблемите со снабдувањето со западно оружје и со мините поставени од руските сили.

„Несомнено, оваа операција ќе биде доста тешка, долга и ќе потрае многу време“, рече Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според него, „главна пречка за напредувањето на украинските сили се мините што ги поставува руската армија со месеци и главно длабочината на минските полиња, која може да биде од четири до шеснаесет километри“.

Подољак нагласи дека Киев не е подготвен на компромиси со Русија, „бидејќи Москва се обидува да ја уништи украинската држава и да ја врати целосната контрола што ја имаше во советско време“.

Тој, исто така, го наведе оружјето што и е потребно на неговата земја за да ја забрза својата контраофанзива.

„Станува збор за 200-300 оклопни возила, главно тенкови, меѓу 60 и 80 ловци Еф-16, системи за воздушна одбрана 'Патриот' или нивниот француски еквивалент САМП/Т“, појасни Подољак. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан