Митрополитот г. Петар ќе чиноначалствува со Светата Литургија за празникот Успение на Пресвета Богородица во Јанковец
- Во манастирот во Јанковец во Ресен, празнувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица, ќе почне на 27 август, во 15:00 часот, кога ќе се служи мала вечерна со благословување на петтолебие, а во 18:30 голема вечерна со оплакување на Богородица.
Скопје, 27 август 2025 (МИА) - Во манастирот во Јанковец во Ресен, празнувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица, ќе почне на 27 август, во 15:00 часот, кога ќе се служи мала вечерна со благословување на петтолебие, а во 18:30 голема вечерна со оплакување на Богородица.
Утре, на денот на празникот, во 6:30 часот ќе почне утрената Богослужба, а во 8:30 ќе се служи Светата Боженствена Литургија на која ќе чиноначалствува митрополит г. Петар, соопшти игуменот на манастирот, о.Спиридон.ир/дј/