• сабота, 21 декември 2024

Митрески: На 15 јули ќе победиме, нема враќање во темното минато

Митрески: На 15 јули ќе победиме, нема враќање во темното минато
Скопје, 2 јули 2020 (МИА) - Што ќе правиме на 15 јули? На 15 јули ќе победиме толку силно, што ќе треба да се случи обнова, не онаа што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ, туку во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и таму има чесни и поштени луѓе, кои ќе се оградат од криминалот, кои ќе покажат дека сакаат да има правна држава, истакна носителот на кандидатската листа во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме“, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Крушево.
-Познат е ставот на ВМРО-ДПМНЕ правдата, гласаа против законот за јавно обвинителство, кој стапи во сила, само да се спречи правдата, нагласи Митрески.
Изборот на 15 јули е лесен, рече Митрески и додаде „парите кај граѓаните или во белата палата, или иднина на нашата држава или враќање во темното минато“.
-Поминавме тежок период, почнавме со крвавиот 27-ми април, ама и покрај тоа рековме дека треба да носиме одлуки кои што ќе значат светла иднина за нашата држава, истакна Митрески.
Потсети дека се донесени тешки и храбри одлуки и затоа денес сме членка на НАТО. - Отвораме и преговори за членство во ЕУ, отвораме преговори за да ја донесеме Европа дома. Ќе почнеме да ги отвораме поглавјата за да во нашата држава влезат дополнителни 2,5 милијарди евра за да имаме повеќе средства и за борба со коронавирусот, повеќе средства и за здравството, повеќе средства и за инфраструктура, повеќе средства за се она што значи подобрување на секојдневниот живот на нас граѓаните, рече Митрески.
Тој истакна дека и во тој тежок период од две ипол години успеавме да направиме многу нешта, ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, 5.500 денари плус во џебот на секој работник, тоа е годишни 1.000 евра, 70.000 наши сограѓани добија по 1.000 евра годишно за разлика од оној мрачен и темен период во кој што владееше ВМРО – ДПМНЕ.
На 12.000 наши сограѓани стечајци им го решивме проблемот ни останаа уште 500 – 600 знам дека има овде во Крушево и нив ќе ги решиме, порача Митрески.
Тој додаде дека воведовме социјална пензија, го стабилизиравме пензискиот фонд, пензија се исплаќа без задолжување, но и ја зголемивме пензијата за 720 денари, отворивме 60.000 нови работни места.
-Ја вративме евтината тарифа, со тоа 11 милиони евра остануваат во семејствата. Воведовме поврат на ДДВ, 10,7 милиони евра си повратија граѓаните и не само тоа граѓаните се инспектори, наплата во буџетот е тројно зголемена, истакна Митрески на граѓанската трибина во Крушево. дма/
 

Остани поврзан