Митовски: Ќе ставиме крај на дивите депонии во Јурумлери, на нивно место ќе никнат паркови и игралишта
- Денес сме во населено место Јурумлери, место каде што сликата е далеку од достоинствен живот. Јурумлери денес е симбол на негрижа и заборав, населба со најголеми диви депонии, создадени токму од локалната власт, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ од изјава за медиуми на Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба, што МИА го пренесува интегрално.
12 октомври 2025
Денес сме во населено место Јурумлери, место каде што сликата е далеку од достоинствен живот. Јурумлери денес е симбол на негрижа и заборав, населба со најголеми диви депонии, создадени токму од локалната власт, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ од изјава за медиуми на Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба, што МИА го пренесува интегрално.
Депонии кои во изминатите четири години станаа центар на зараза и опасност за здравјето на жителите.
Во мојот мандат, уште во првите 100 дена, ќе ги исчистиме сите депонии вклучувајки ги и овие тука.
На местата каде што сега има отпад, ќе никнат паркови, детски и спортски игралишта, а на дел од депониите по нивното чистење, ќе поставиме термални камери за да ставиме крај на повторното создавање на истите.
Паралелно, ќе ја довршиме фекалната канализација низ целото населено место, ќе ги санираме и асфалтираме улиците, а по изведените работи ќе го заменимe целото улично осветлување со нови ЛЕД светилки и ќе има редовно чистење на каналската мрежа.
Јурумлери ќе добие три нови детски игралишта, реконструкција на постоечкото фудбалско и кошаркарско игралиште, затоа што и ова место заслужува современи услови за живот, спорт и забава.
Ова самоволие на општината мора да престане.
Време е за ред, чиста средина и достоинствен живот за сите. Затоа што ние Се бориме за нашиот дом!
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ