• сабота, 13 декември 2025

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани - јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

Митовски: Четири години ниту капка труд за Булачани - јас ќе ја донесам водата, инфраструктурата и достоинството назад!

Скопје, 15 октомври 2025 (МИА) - Денес сме во селото Булачани, место кое со години се соочува со проблем со водоснабдувањето, недоволен доток на вода и застарена инфраструктура. Овие проблеми конечно ќе ги решиме системски и трајно, се вели во соопштението од СДСМ кое МИА го објавува интегрално.

Во мојот мандат ќе изградиме две нови бушотини за вода со кои значително ќе се зголеми дотокот и капацитетот на водата. Паралелно, ќе се изврши уредување и оградување на сите каптажи и нивно прогласување за заштитено подрачје, со цел да се обезбеди чиста и безбедна питка вода за сите жители.

Ќе следи санација на резервоарите за вода и целосна реконструкција на водоводната линија 1 во должина од 5 километри, со што ќе се реши еден од најстарите проблеми на Булачани.

Покрај тоа, ќе се пристапи и кон изградба на целосна фекална канализација – нешто што ова населено место одамна го заслужува.

Булачани ќе добие и реновиран културен дом, асфалтирана улица број 3, а куќите на оваа улица ќе бидат директно поврзани на водоводната линија преку хидрофорни пумпи.

И на крај, на местото викано Банево Гумно ќе изградиме видиковец со урбана опрема, кој ќе прерасне во ново бележје на селото и место за дружење, одмор и гордост на сите жители на Булачани.

Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба

 


 

 


 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан