• четврток, 04 декември 2025

Митовски: Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците и плоштадот

Митовски: Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците и плоштадот

Скопје, 11 октомври 2025 (МИА) - Стајковци ќе го добие заслужениот сјај, уредување на каналот, реконструкција на улиците и плоштадот, порачува кандидатот за градоначлник на општина Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски.

Како што соопштија попладнево од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, Стајковци е место што во изминатите четири години беше целосно заборавено од локалната власт.

- Ниту еден проект, ниту една капитална инвестиција не беше реализирана за ова населено место. Граѓаните од Стајковци се чувствуваат запоставени и разочарани, затоа што нивните проблеми никој не ги слушна. Но, сите добро се сеќаваме на времето кога СДСМ ја водеше општината. Тогаш, Стајковци за првпат доби градинка за најмладите, што ја користат и децата од околните села. Тогаш за првпат добивме и спортска сала во основното училиште, се асфалтираа сите улици и се реализираа проекти што вистински го подобрија животот на граѓаните, се истакнува во соопштението.

Затоа, се додава, Стајковци заслужува да продолжи да се развива.

- Во новиот мандат ќе го уредиме коритото на каналот по должина на улица „6“, ќе ги рехабилитираме улиците „5“, „6“ и „11“, ќе го реконструираме детското игралиште на крајот од улица „18“, а плоштадот на Стајковци ќе го добие својот вистински сјај и ќе стане место за дружење и гордост на сите жители. Ова е патот по кој треба да се движи Гази Баба, плански, современо и одговорно. Стајковци ќе го добие својот сјај, затоа што граѓаните го заслужуваат тоа. Затоа што се бориме за нашиот дом, се подвлекува во соопштението. бд/

Фото и видео: Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан