Митовски: Имаме решение со кое конечно ќе ставиме ред во паркирањето во Автокоманда
- Автокоманда со години се соочува со голем проблем – недостиг на паркинг и секојдневен сообраќаен хаос. Сите ние знаеме колку е тешко да се најде слободно место, а дополнително сообраќајниот метеж секојдневно создава нервози и небезбедни улици за жителите, вели Влатко Митовски, кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ, што МИА ја објавува интегрално.
Скопје, 7 септември 2025
Автокоманда со години се соочува со голем проблем – недостиг на паркинг и секојдневен сообраќаен хаос. Сите ние знаеме колку е тешко да се најде слободно место, а дополнително сообраќајниот метеж секојдневно создава нервози и небезбедни улици за жителите, вели Влатко Митовски, кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ, што МИА ја објавува интегрално.
Нашиот план е јасен. Во Автокоманда ќе се изградат две катни гаражи, а дополнително, на влезот во Автокоманда на ул.Јани Лукровски ќе се изгради и трета катна гаража која ќе се користи за возилата на фирмите од околината, со што ќе се растерети притисокот на јавниот простор.

Во исто време, јас и мојот тим, имаме решение со кое конечно ќе ставиме ред во паркирањето, ќе ги ослободиме и обновиме пешачките патеки, ќе го средиме и сообраќајниот метеж со воведување режим на едносмерни улици.
Верувам дека со овие мерки Автокоманда ќе стане уредено, безбедно и современо место за живеење, без хаос и проблеми.“
Изјава на Влатко Митовски, кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ