• понеделник, 23 декември 2024

Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДСМ прават јавна набавка за дигитални учебници

Митева: На само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДСМ прават јавна набавка за дигитални учебници

Скопје, 1 април 2024 

Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме - поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони.
 
Повторно прашуваме и ја потсетуваме јавноста прво за онаа набавка од 500.000 евра на фирмата ТРИМАКС за дигитални учебници кои никој не ги користеше, па се поставува прашањето дали сега повторно, на истата фирма и се доделени фантастични 800.000 евра. Дополнително е скандалозно што со новата набавка повторно на истата фирма и се доделуваат средства за дигитални учебници, и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка.
 
Состојбата во МОН е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.
 
Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници?

Почитувани, затоа промените се во твои и раце, Македонија повторно твоја!

Марија Митева, портпарол и член ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан