• недела, 22 декември 2024

Митева: Додека ВМРО-ДПМНЕ гради консензус за развој на Македонија, СДС води сметка за лидерска трка во партијата

Митева: Додека ВМРО-ДПМНЕ гради консензус за развој на Македонија, СДС води сметка за лидерска трка во партијата

Скопје, 9 јуни 2024 (МИА)

Додека ВМРО-ДПМНЕ обезбедува единство и гради консензус за прашања важни за системот и развојот на државата, и тоа без никакви хипотеки кон никого, единствените противници на тоа се "децата" на Заев, како Венко Филипче и Славјанка Петровска. Тие наместо за граѓаните водат сметка за лидерската трка во партијата.

Измените во Законот за организација на работата на органите на државната управа се рационални и многу потребни, истите се работени и со претставници на ЕУ и се дел од ИПА програмата. Ниту еден политички чинител во државата не може да ги оспори или да не ги поддржи доколку и мисли добро на државата и нема никакви задни намери.

За разлика од нашиот фокус на државните процеси, Венко Филипче и Славјанка Петровска ја ставија својата кариера пред интересите на државата. И од прв ден покажаа дека СДС ќе работи на план како да се запре прогресот на државата.

Кој и да дојде како нов претседател во СДС таа партија ќе тоне, затоа што сите нивни кандидати, вклучувајќи ги Филипче и Петровска беа една од многуте причини за нивниот пораз.
Но што реално да се очекува, кога знаеме дека Филипче е човекот кој остана запаметен како тендер мајстор во здравството. Филипче со денови се занимава со политика, но не видовме став зошто операционите сали не работат.
Филипче како лекар, што го претставува како своја најголема предност во политиката молчи за тоа.

Петровска пак е сосема друга приказна. Таа ќе остане запаметена по бројни политички гафови, по себе виктимизирањето во безброј случаи додека илјадници скандали беа поврзани со нејзиното менаџирање на министерството за одбрана каде припадниците на армијата го немаа третманот кој го заслужуваат, а условите беа вонстандардни.

Филипче и Петровска може да се добри ученици на Заев, но не и добри политичари за својата држава.

СДС и со Филипче и со Петровска само ќе тоне. И во наредниот период ќе гледаме како партијата која се претставуваше себе си за европска и прогресивна заради политички калкулации ќе се противи на развојот на државата.

Македонија е ставена на брза лента кон економска трансформација, евроинтеграции и немилосрдна борба со криминалот и корупцијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан