• петок, 22 ноември 2024

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДСМ

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДСМ

Скопје, 22 јули 2024

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.

Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче,  сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?

Да одиме со ред.

Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов  подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.

 

 Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан