• недела, 22 декември 2024

Мисијатата на МААЕ, предводена од Гроси, останува во Запорожје до крајот на седмицата

Мисијатата на МААЕ, предводена од Гроси, останува во Запорожје до крајот на седмицата
Киев, 1 септември 2022 (МИА) - Физичкиот интегритет на украинската нуклеарна централа Запорожје, окупирана од руската војска, е нарушен, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси по увидот на локацијата. - Физичката целокупност на централата беше нарушена неколку пати. Ова е нешто што не може да продолжи да се случува, изјави тој пред новинарите при враќањето од централата, која е под руска контрола, на територијата која е под контрола на Киев. Гроси, исто така, рече дека некои членови на мисијата на МААЕ, која тој сега ја предводи, ќе останат во седиштето до недела или понеделник. - Постои група која ќе биде таму до недела или понеделник за да продолжи да ја проценува ситуацијата во централата, чиј терен беше гранатиран неколку пати, што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа, рече Гроси. - МААЕ сега е тука на оваа локација и нема да се помести од тука, ние ќе останеме овде, додаде Гроси. Ќе имаме континуирано присуство овде во централата преку некои од моите експерти, рече тој. Гроси појасни дека овие експерти ќе дадат непристрасна, неутрална, технички здрава проценка на она што се случило на теренот. - Бев загрижен, сè уште сум загрижен и ќе продолжам да се грижам за централата додека ситуацијата не се стабилизира, додека не стане попредвидлива, додаде тој. ссм/

Остани поврзан