• вторник, 08 октомври 2024

Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина

Скопје, 6 септември 2024 (МИА) - Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска во Рамштајн, Германија учествуваше на состанок на Контакт-групата за Украина кој го водеше секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, а на кој за првпат присуствуваше и украинскиот Претседател Володимир Зеленски.

Како што информираат од Министерството за одбрана, на денешниот состанок на кој учествуваа министри за одбрана  и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, кој се одржа во три сесии, со свои обраќања го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин и претседателот на Украина, Зеленски. На состанокот беше потврдено дека мора да се почитуваат принципите на меѓународниот правен поредок и недвосмислено беше изразена поддршка за независноста и одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Вкупно 57 земји меѓу кои се сите 32 членки на НАТО Алијансата ја сочинуваат Контакт-групата за Украина каде под лидерство на Соединетите Американски Држави се координираат напорите за помош и поддршка на Украина.

-Нашата земја останува посветена кон поддршката на Украина и украинските граѓани, посочуваат од Министерството за одбрана.

Како што истакнуваат, на маргините на состанокот на Контакт–групата за Украина, министерот Мисајловски оствари средби со своите колеги од Бугарија, Албанија и Косово и со заменик министерката за одбрана на Романија на кои беше потврдена заложбата за траен мир во Европа.вј/


Фото: Министерство за одбрана

 

 

Остани поврзан