• сабота, 25 мај 2024

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е сплотено и единствено, ако власта смета дека има раскол нека излезе на избори

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ е сплотено и единствено, ако власта смета дека има раскол нека излезе на избори

25 септември 2023 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостување на утринска емисија на Алфа Телевизија истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е сплотено и единствено и сите му даваат поддршка на претседателот Мицкоски, додека позитивната страна која ја наметна партијата ја препознаваат сите и се повеќе граѓани и веруваат на партијата и сакаат ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, а тоа ќе се случи.

- Власта ако мисли дека ако има раздор, ајде на избори, да ги закажеме, но ќе побегнат кукавички затоа што знаат дека има уште неколку месеци да докрадат, да наместат некој тендер, да поминат некој закон како тој за амнестија, потенцираше Мисајловски.

Тој посочи дека власта беа од избори затоа што и остануваат уште неколку месеци кои сака да ги искористи за политички прогон, за тендери и сомнителни закони.

- Во земјава има политички прогон и затоа судството нема доверба. Законот за амнестија го договараат позади завесите и сакаат да направат амнестија на што повеќе затвореници. Ова се случи пред локалните избори 2017 година, ослободија преку 1000 затвореници и најголем дел од нив им помогнаа на избори, знам како беше на терен, затвореници работеа за СДС и ДУИ за да им помогнат да победат и тоа може да го слушнете јавно од тие луѓе, нагласи Мисајловски.

Мисајловски додаде дека во земјава  има здравствена мафија, додека  ако гледате пак во МВР тоа е мафијата која ја штити мафијата, бидејќи МВР ако сака може да се справува со проблемите.

-Луѓето кои прават тешки кривични дела сите се знаат, но ништо не прават, па се поставува прашањето дека полицијата ги штити сите криминални дејствија. Во Македонија има убиства помеѓу нарко банди, а не можат да ги најдат одговорните. Имате случај како Онкологија кој ги погодува сите, и ако имало предистрага подолго време зошто се чекало досега? Дали овој проблем го извадија намерно баш кога го носеа Кривичниот закон со европско знаменце?  Помина законот, а многу луѓе се спасија од криминал и корупција.  Сето тоа е димна завеса, се уште нема притворено луѓе ниту се знае кој ќе одговара за Онкологија, а законот помина, рече Мисајловски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан