• четврток, 02 мај 2024

Мирен протест на синдикатите на пет јавни универзитети поради непотпишување на колективните договори

Мирен протест на синдикатите на пет јавни универзитети поради непотпишување на колективните договори

Скопје, 4 март 2024 (МИА) - Синдикатите на пет јавни универзитети - во Битола, Тетово, Штип, „Св. Апостол Павле“ во Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје денеска од 13 часот пред влезовите на универзитетите ќе одржат мирен протест затоа што не им се потпишани клективните договори.

Тие сметаат дека се игнорирани и диксирминирани од Владата и Собранието во однос на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје чии вработени со потпишаниот колективен договор од овој месец ќе добијат зголемување на платите за околу 22 отсто.

Го поздравуваат спроведувањето на Колективниот договор со УКИМ, но на надлежните им порачуваат дека „истовремено спроведуваат двојни стандарди, дискриминација и нееднаквост“.

-Останатите пет јавни универзитети го уживаат истиот статус, реализираат иста оштествена дејност, со иста одговорност и со непотпишување на колективниот договор неправедно се изоставени настрана од државата, се вели во соопштението на синдикатите кои нагласуваат и дека „без никаква политичка боја“ ќе протестираат мирно и обединето за „враќање на достоинството, интегритетот и правдата“. хс/мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан