• недела, 22 декември 2024

МИОА: Продолжуваме да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба

МИОА: Продолжуваме да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) - Со новиот Предлог-закон за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, кој беше усвоен на денешната владина седница, имаме за цел да го подобруваме квалитетот на услугите во државната служба, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Од МИОА посочуваат дека Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба беше донесен првпат во 2013 година и го уредува воведувањето на системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба. -Системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена во државната служба се засноваат врз меѓународни или македонски стандарди со кои се востановуваат посебни барања за системот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, а имаат за цел подобрување на квалитет на услугите во државната служба, стои во соопштението. Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба се врши усогласување на овој закон со новиот Законот за услугите (со кој се врши имплементирање на Директивата 2006/123/ЕЗ на Европската Унија за услугите на внатрешниот пазар, CELEX број 32006L0123). Се дополнува основниот текст на законот со процедура за надворешна проверка, која е изработена од страна Европскиот институт за јавна администрација EIPA, која е изработена од страна на Европскиот институт за јавна администрација EIPA и која треба да им овозможи на државните институции кои ја спровеле заедничката рамка за проценка, да ја потврдуваат успешноста во имплементацијата на оваа алатка за управување со квалитетот, преку добивање повратни информации за воведување на концептот на целосно управување со квалитет. мд/лв/

Остани поврзан