• петок, 05 декември 2025

Минчев до Костадиновска-Стојчевска: Како министер за култура можевте да вработувате лектори по македонски јазик ако вистински се грижевте за македонскиот јазик

Минчев до Костадиновска-Стојчевска: Како министер за култура можевте да вработувате лектори по македонски јазик ако вистински се грижевте за македонскиот јазик

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - И вие како министер за култура можевте да вработувате лектори по македонски јазик во државните институции ако вистински се грижевте за македонскиот јазик, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев одговарајќи на прашањето на пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска Стојчевска го праша Минчев колку органи на државната власт, органи на единиците на локалната самоуправа, јавни установи и институции, според Законот за употреба на македонски јазик, досега имаат поднесено барање за проширување на актите за систематизација со цел вработување лектор по македонски јазик и колку од нив добиле одобрение, во колку институции веќе е реализирано вработувањето и кои институции се уште немаат преземено активност во таа насока.

- Законот на кој што се повикувате е донесен на 26 јануари 2024 година, во кој експлицитно се утврдува обврската за вработување на лектори, тоа е под надлежност на Министерството за култура.  И претходниот закон кој бил на сила, исто така овозможувал вработување на лектори или пак лекторирање на македонскиот јазик, односно да се спроведе одредбата за вработување на лектори во државните институции. Во тој период министер за култура бевте Вие, што значи, и без овој закон кој е лек специјалис, можевте да вработувате лектори ако вистински се грижевте за македонскиот јазик. Новиот Закон кој е донесен во 2024 година опишува обврска за вработување на лектори. Во членот 7 се пропишува „текстовите да бидат лекторирани“ а членот 9 дека „органите на законодавната, извршната и судската власт морат да имаат вработено лектор“. Во овој дел Министерството за јавна администрација нема надлежност, затоа што од две од трите власти, мислам на законодавната и судската власт, сдо секоја интервенција која би била од наша страна би била како мешање во овие две независни власти, рече Минчев.

Министерот нагласи дека сегашната Влада преземала низа чекори околу македонскиот јазик.

- Членот 33 пропишува казни за непочитување на одредбите кои се во надлежност на Инспекторатот за м употреба на македонскиот стандарден јазик. Претходната Влада воопшто не го ни основа Инспекторатот, туку тој е некаде на крај на мандатот пред изборите и остана буквално како мртво слово на хартија. Од тој момент откако е донесен, имавте цели шест месеци да постапите по истиот, од јануари 2024 година до пред изборите. Ништо не е направо во врска со тоа. Пред извесно време оваа Влада ги направи првите чекори. Ние не можеме да дискутираме за период од седум-осум години откако бевте на власт имавте можност и период од седум-осум месеци што направила оваа власт. Значи, прво именуван е директор на Инспекторатот, а понатаму мнозинството пред десеттина дена поднесоа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за употреба на македонскиот јазик со кој целосно го усогласија оваа законско решение. Како дел од одговор на вашето прашање дека не се работи за сектор кој што е сега во Министерството, туку се работи за европска агенда, односно за реформи во јавната администрација. Не само овој Инспекторат, туку сите инспекторати се во рамките на министерствата и тоа се случи пред 31 декември во оваа Собрание. Зошто? Затоа што е потребно намалување на 40 отсто од буџетските корисници согласно барањето на Европската унија и тоа е стратегија на реформи во јавната администрација 2023-2026, која вие како Влада сте ја донеле. А тука е поврзано и прашањето со Балансерот, рече тој..фф/бак/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан