• сабота, 23 ноември 2024

Министрите за финансии од Г-7 ќе разговараат за глобалната даночна реформа

Министрите за финансии од Г-7 ќе разговараат за глобалната даночна реформа
Лондон, 7 септември 2021 (МИА) - Министрите за финансии од седумте најбогати земји во светот ќе одржат виртуелна средба подоцна оваа недела за да разговараат за глобалната даночна реформа. На состанокот, кој ќе се одржи онлајн на 9 септември, Г-7 ќе се обиде да постигне напредок во техничките преговори за глобалната даночна реформа, изјави извор од британското Министерство за финансии, пренесуваат лондонските медиуми. Во јуни, министрите за финансии од групата седум водечки светски економии постигнаа „историски“ договор за оданочување на мултинационалните компании. Договорот се очекува да вклучува глобална минимална стапка на данок на добивка од 15 отсто, а најзасегнати би биле компаниите Амазон, Мајкрософт, Фејсбук и други технолошки гиганти. Главен противник на планот е Ирска, која привлече инвестиции од гиганти како Епл и Гугл со даночна стапка од 12,5 проценти. ссм/  

Остани поврзан