• недела, 22 декември 2024

Министерство за финансии по грешка исплатило 1,4 милијарда долари државна помош за милион мртви Американци

Министерство за финансии по грешка исплатило 1,4 милијарда долари државна помош за милион мртви Американци
Вашингтон, 25 јуни 2020 (МИА)  - Американското Министерство за финансии по грешка испратило чекови со државна помош на адресите на повеќе од милион мртви Американци, откриваат набљудувачите во Конгресот, пишува „Вашингтон пост“. Оваа вест е потврдена и од Државната агенција за надзор (ГАО). Вкупната сума на пари што се испратени на адресите на веќе починатите е речиси 1,4 милијарда долари, соопшти државната агенција за надзор (ГАО). „Вашингтон пост“ претходно информира дека Министерството за финансии и даночната служба по грешка испраќале чекови од 1.200 американски долари на адресите на неколку лица кои починале, но во тоа време се уште не бил познат степенот на грешката. Оваа грешка може да одврати некои републикански кругови да ја поддржат иницијативата на претседателот Трамп и неговата администрација за обезбедување дополнителна помош за граѓаните погодени од епидемијата на коронавирус. Во својот извештај, ГАО посочува дека грешката во Министерството за финансии и даночната служба се должи на користењето на постапката за итни случаи, како и поради застарените филтри во базите на податоци. сд/

Остани поврзан