• четврток, 15 мај 2025

Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје

Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје

Москва, 20 април 2025 (МИА) - Министерството за одбрана на Русија соопшти дека украинските вооружени сили повеќе пати го прекршиле велигденското примирје што вчера го прогласи рускиот претседател Владимир Путин.

„И покрај најавата за велигденското примирје, единиците на вооружените сили на Украина во текот на ноќта се обидоа да ги нападнат позициите на руските војници во областите на населбите Суха Балка и Богатир во Доњецката Народна Република, но овие напади беа одбиени“, се наведува во соопштението од Министерство.

Дополнително, во текот на ноќта, според истиот извештај, украинската страна користела 48 беспилотни летала, меѓу кои и едно кое дејствувало на територијата на Крим.Нема потврда од украинска страна за посочените напади. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан