• четврток, 26 март 2026

Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

Министерство за образование на Србија: МВР изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

Белград, 2 октомври 2025 (МИА) - Министерството за образование на Србија објави дека екипите на Министерството за внатрешни работи извршиле увид во некои од училиштата до кои биле испратени пријави за бомби и дека е утврдено дека сите дојави се лажни.
Во соопштението се наведува дека учениците се вратиле на настава.

„Поради заштита на учениците и вработените, потребно е училиштата веднаш да ја известат полициската управа и да дејствуваат исклучиво во соработка и координација со претставници на Министерството за внатрешни работи. Министерството за образование апелира да се почитуваат сите усвоени безбедносни процедури и да се избегне ширење паника како и да се наруши редовниот образовен процес и ги повика надлежните институции да ги пронајдат и казнат одговорните.
Министерството за внатрешни работи утрово објави дека е пријавено дека бомби се поставени во вкупно 807 основни и средни училишта на територијата на Србија. зш/

Остани поврзан