• петок, 05 декември 2025

Министерството за јавна администрација и Вита Институт потпишаа Меморандум за соработка за развој на лидерски и менаџерски капацитети

Министерството за јавна администрација и Вита Институт потпишаа Меморандум за соработка за развој на лидерски и менаџерски капацитети

Скопје, 3 септември 2025 година (МИА) - Министерството за јавна администрација и Вита институтот за истражување, едукација, менаџмент консалтинг и коучинг од Скопје денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на професионалните, менаџерските и лидерските капацитети на јавната администрација.
 
Преку оваа соработка, како што информира Министерството за јавна администрација, ќе се обезбеди системски пристап кон професионална едукација и континуирано јакнење на човечките ресурси на сите нивоа во јавниот сектор. 
 
- Овој меморандум ја потврдува нашата заложба за континуиран развој на јавната администрација и јакнување на капацитетите на службениците на сите нивоа, со цел обезбедување професионална и ефикасна услуга за граѓаните, истакнал министерот за јавна администрација Горан Минчев.

Директорката на Вита институтот Христина Велковска рекла дека со ова партнерство се комбинираат знаењата и експертизата од приватниот и јавниот сектор за да се создадат програми коишто директно ги поддржуваат лидерските и менаџерските развојни цели на јавната администрација.  

Министерството за јавна администрација и Вита Институт, како што стои во соопштението, ќе соработуваат во повеќе области, вклучително размена на информации, усогласување на годишните програми за едукација, организирање на едукативни настани и конференции, како и примена на иновативни методи и меѓународни добри практики. бак/aa/

Фото: Министерство за јавна администрација

Остани поврзан