Министерството за животна средина ќе ги презентира резултатите од акцијата „Генералка викенд“
- Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе ги презентира резултатите од еколошката акција за чистење на отпадот „Генералка викенд“, што беше спроведена од 6 до 8 мај в

Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање денеска ќе ги презентира резултатите од еколошката акција за чистење на отпадот „Генералка викенд“, што беше спроведена од 6 до 8 мај во 26 општини во државата.
Настанот ќе се одржи кај Школка во Градскиот парк во Скопје.
По презентацијата најавени се изјави на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, генералниот директор на „Пивара Скопје“, Горан Сладиќ, извршниот директор на „Пакомак“, Филип Ивановски и претставниците на „Мен енд Маунтен“ ДОО, кои веќе втора година по ред ја спроведуваат оваа акција. бак/сп/